Балканленд

Познатиот поп пејач Саша Ковачевиќ со забранет влез во Германија?!

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ неодамна бил вратен од германската граница и не пристигнал на договорениот настап. Сепак, не е се така наивно, тој поминал повеќе од 5 часа со својот бенд чекајќи на граница, по што се вратил во Србија.

Ковачевиќ тврди дека и денес некои работи не му се јасни, па не знаел што му се случило кога бил приведен. Ковачевиќ зборувал за деталите кои јавноста не ги знае.

„Јас и ден-денес се прашувам која е причината. За среќа, не бевме уапсени, но подобро ќе беше да нѐ уапсеа, бидејќи ќе имавме подобри услови во затворот. Тие се трудат да бидат професионални, тоа е нивно право, но тоа е спротивно на некои норми… Ако не си вакциниран со одредена вакцина, немаш одредени права во некои земји. Бев затворен во соба 5 часа, со мојот бенд. Одбив да влезам во нивната земја, се вратив со првиот авион. Не ни дадоа објаснување и на тоа остана. Се трудам да не размислувам за тоа”, открил Саша Ковачевиќ во емисијата „Премиера – Викенд специјал“. Пејачот веќе извесно време работи на новиот спот, а во него вложува огромна сума.

„Веќе пет дена не спиеме. Решивме да направиме мини филм, потребно е време да се организира, продуцира и за сé. Не само татко ми што го заболе главата од цифрата на спотот, туку нé заболе сите, но ние сме познати по тоа што инвестираме во квалитетни видеа”, рекол Ковачевиќ.

Можеби ќе ве интересира: