Балканленд

Познатиот српски пејач и тик токер Филари станува јутубер (Фото+Видео)

Изминатиот период за време на одржувањето на Избор за песна за Евровизија во Србија, или уште попознато како “Беовизија”, македонската публика која што после сите скандали на нашите евровизиски претставници изминатите години нема свој претставник годинава, со задоволство и навивање за својот одреден музички фаворит запозна голем број на млади и веќе познати музички имиња за кои допрва ќе се зборува и пишува.

Едно од тие музички имиња е и познатиот Филип Маринков или уште попознат како Филари роден 1999 година во Белград. Српската публика за време на коронавирусот го запознава како тик токер, а подоцна тој станува и пејач. Тој во 2021-та година ја промовира својата прва песна “Драма”, за една година подоцна пред својата публика и фанови да ја претстави неговата втора песна “Забрањено”. Кон почетокот на 2023-та година ја промовира својата трета песна со видео спотот “У тами”, кога добива и всушност најпоголема гледаност и популарност, а само пред месец – месец и половина тој настапи на српскиот избор за Песна на Евровизија каде ја претстави одличната “После мене” која што остави огромен впечаток кај публиката.

Најново е тоа што освен тик токер и пејач, Филари има своја најнова профестија – тој станува јутубер. Во текот на изминатите денови на својот YouTube канал постираше интересно видео каде пред своите фанови сподели дел од својот секојдневен живот, снимање и гостување по српските медиуми, како и дел од негов вечерен настап во нокќен клуб во Белград.

Поддршка и само напред со нови и редовни видеа. Музика24 Ви најавува наскоро ексклузивно интервју со ова интересно и симпатично момче од Белград, а до тогаш, можете да го следите на неговиот тик-ток профил, како и на неговиот најнов YouTube канал.

Можеби ќе ве интересира: