На два ексклузивни, распродадени клупски концерти во белградското Арт Кафе Битеф, Бајага и Инструктори официјално ги претставија новите членови на бендот – басистот Владимир Чукиќ и тапанарот Марко Кузмановиќ.
Станува збор за млади, но докажани музичари кои веќе соработувале со легендарната група, како гости на последните албуми. Чукиќ го замени Мирослав Цветковиќ – Цвеле, кој беше во бендот од неговото основање во 1984 година, додека Кузмановиќ е третиот тапанар на „Инструктори“, по оригиналниот член на составот Владо Голубовиќ и Чеда Мацура, кој го зазеде неговото место во 1996 година.
