Балканленд

„Прљаво казалиште“ со новиот албум се враќаат на изворниот звук (Фото+Видео)

Со нетрпение очекуваниот албум од денеска е достапен на сите дигитални платформи. „Underground“, новиот студиски албум на „Прљаво казалиште“, составено од Даворин Боговиќ, Ален Краљиќ и Тихомир Филеш, носи десет песни кои звучат младешки и блиски до изворниот звук на „Прљаво казалиште“. Back to Roots беше и мисијата при снимањето на овој албум на кој музиката ја компонираше Ален Краљиќ. Текстот го напишаа Ален Краљиќ и Тихомир Филеш, освен песната „Pronađi me“, која Даворин ја отпеа во соработка со кантавторката Мирна Шкргатиќ од Риека.

Снимањето на тапани, миксирањето и мастерингот ги направи Давор Смоталиќ. Снимен во „андерграунд“ услови со Ален Краљиќ во гаражите на загрепска Утрина, овој албум го заслужува својот наслов.

Албумот кој ги доби првите одлични критики од денеска ќе може да биде оценет од публиката, но несомнено е дека „Прљаво казалиште“, на кое неодамна му се припишува придавката „прљавије“, со албумот ги разбранува музичките води под земјата.

Можеби ќе ве интересира: