Поп-фолк бендот од Лесковац, „Амадеус бенд“, во ноември останаа без тапанарот Бојан Златановиќ – Токан кој почина од Ковид-19 а неодамна ги остави гитаристот Милан Кордолуп, кој беше во групата 15 години.
Тој објасни дека е сосема нормално да дојде момент во животот кога желбите и визиите се разликуваат, па затоа од тие причини решил да го затвори тоа поглавје, а момците од бендот да продолжат без него.
Сепак, групата која се прослави со хитовите „Купи ме“, „Лажу те“, „Моја земља“, „Слепи путници“ итн. продолжува. На пејачот Бојан Тасиќ и клавијатуристите Бојан Станимировиќ и Александар Станимировиќ им се придружија гитаристот Стефан Јевчиќ и тапанарот Игор Јеремиќ, од Јагодина, кои свиреа во придружниот бенд на Џенан Лончаревиќ. Новиот состав на „Амадеус бенд“ со полна пареа вежба, бидејќи сакаат да снимат песна и видео запис, како почит на покојниот тапанар Токан.
