Балканленд

Прва божиќна нумера од регионот: Жера, Зец и Валентин со празничен хит (Видео)

Валентин, Дражен Жериќ – Жера од „Црвена јабука“ и Владимир Кочиш – Зец од „Нови фосили“ ја објавија првата божиќна нумера од регионот оваа празнична сезона. Според многумина, пристигна најубавиот период од годината – секако Божиќ! А она што го прави божиќниот период уште потопол, повесел се божиќните песни.

Оваа весела екипа хитмејкери сними вистинска аудио-визуелна честитка едноставно наречена „Sretan Božić“, која не подготвува за претстојните празници и додаде уште еден божиќен хит на плејлистата за украсување на новогодишната елка и танцување околу новогодишните светилки.

Валентин е одговорен за музиката, текстот и аранжманот на песната, како и за видео продукцијата, а се е снимено во студиото „Валентин“. Улогата на Дедо Мраз во спотот ја презеде Крешо Палек, Катарина Јеличиќ беше зад камерата со Валентин, а на сценографијата покрај веќе споменатите работеше и Крешо Палешчак. Атмосферата на сетот да биде автентична се погрижи Нада Палешчак, која направи и фритула за екипата.

Можеби ќе ве интересира: