Балканленд

Привршува номинацијата на севдалинките за нематеријално културно наследство во УНЕСКО (Фото)

Во рамките на 12-от Фестивал на севдалинката „Севдалинко во моето срце те носам“ во Тузла, БиХ, се одржа мултимедијална конференција за номинација на севдалинка за репрезентативната листа на нематеријално наследство на човештвото. Конференцијата беше комбинација на аудио, видео и говорни презентации со преглед на досега сработеното и на следните задачи во наредниот период, кога станува збор за собирање материјал и завршни подготовки на досието за номинација за вклучување на севдалинките на списокот на УНЕСКО.

Во декември 2016 година, Здружението на музички уметници од Тузланскиот кантон поднесе иницијатива до Комисијата за соработка со УНЕСКО за номинирање на севдалинка за вклучување на списокот на УНЕСКО како културно нематеријално наследство.

„Откако ја прифативме иницијативата, се обративме до Сојузното Министерство за култура и спорт и добивме поддршка и формиравме работна група експерти за собирање материјал за досието што треба да се достави до УНЕСКО“, рече директорот на фестивалот Рамиза Милкуниќ.

Таа најави дека собраниот материјал наскоро ќе биде испратен до УНЕСКО, а материјалот четири години го собираа етнолози, музиколози, историчари и други експерти. На конференцијата беше прикажан краток дел од филмот за севдалинка, кој се снима, и тој ќе биде составен дел од досието за номинација за вклучување на севдалинка на списокот на УНЕСКО.

Можеби ќе ве интересира: