Балканленд

Работно: Хари Мата Хари со подготовки за новиот спот (Фото)

Секогаш во негов стил неговите спотови беа со романтично сценарио, но дефинитивно овој пат не изненади. Она што може да заклучиме е дека познатиот балкански шармер ја смени улогата на заводник, па реши малку да се фрли на страста и да побара малку утеха на поразличен начин на кој не сме навикнати до сега. “Да би ти ко човек опростим” е насловот на новиот сингл кој го објави пред месец дена, а овие денови офанзивно работи на видео спотот кој е со провокативно сценарио.

“Решив малку за промена да го сменам стилот на моите сценарија, знам сепак дека публиката е навикната на романтичната страна, но бидејќи мојот албум ќе е со нов имиџ сакав и спотот е да е во таков стил”, изјави Хари Мата Хари. Во новиот спот се појавува познатата манекенка Теа Бошковиќ која со задоволство прифати да биде дел од тимот, а една од новостите при снимањето на овој спот е тоа што истиот ќе биде снимен во 4К резолуција, нешто што е новитет во снимањето на видео спотови, како на Балканот, така и пошироко.

Во продолжение погледнете мал од фотографиите кој се дел од снимањето на спотот и се ќе ви стане јасно за што точно станува збор.
Hari 5
Hari 4
Hari 3
Hari 2
Hari 1Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: