После многубројните хитови, Саша Ковачевиќ подготви уште едно интересно изненадување за своите фанови. Како логично продолжение на соработката со продуцентите од Шпанија Луис Сантана и Педро Васкез, популарниот српски пејач запеа и на шпански јазик, а прв резултат од овој нов подвиг е шпанската верзија на минатогодишниот голем летен хит “Температура”. Песната воедно е и најава за цел албум на шпански јазик, а неговите соработници во Мајами веќе работат на новиот материјал.
А како звучи сето тоа, можете да слушнете во продолжение. Уживајте!
Подготви: Христина Секуловска
