Балканленд

Саша Поповиќ: Милан Станковиќ е најголемото разочарување

Првиот човек на продукцијата „Гранд“, Саша Поповиќ, проговори која од пејачите досега најмногу го разочарал додека бил под договор на Гранд продукција и во таа прилика изненади со многу детали.

– Милан Станковиќ – директно одговори тој.

Направивме еден албум за него, подготвувавме уште еден. Внимавајте, денес многу чини една песна и еден спот. На пример, на наш трошок направивме три комплетни албуми за Тања Савиќ. Славица Чуктераш четири. Направивме еден, два или три албуми за секого. Така беше и за Милан. Кога имаше избор за наш претставник на Евровизија 2010, Горан Бреговиќ ги бараше Тања Савиќ, Рада Манојловиќ и Милица Тодоровиќ. Тогаш јас и Жика Јакшиќ рековме: „Чекај, го имаме вистинскиот кандидат“ и го предложивме Милан. Кога го виде Брега рече: Леле, супер, супер е, ќе му направам песна.

Поповиќ откри и што се случило потоа:

Едно утро закажа и дојде во мојата канцеларија. Ми рече: Директоре, повеќе нема да бидам во „Гранд“, сакам да го раскинам договорот. Се обидов да го убедам дека не е во право, но тој инсистираше да раскине. Му реков дека не може туку така и дека може да се раскине договорот со клаузулата да се плати, и толку. Плаќал по 10.000 евра на секои шест месеци, а не тој, туку Рада Манојловиќ. Тогаш било регулирано бидејќи за него платила 50.000 евра. Потоа го раскина договорот и тргна по својот пат. До денес не ми е јасно зошто го направи тоа. Никогаш не ми објасни. Никогаш не дојде и рече: Директоре, нема да бидам таму поради ова и она.

Можеби ќе ве интересира: