Балканленд

Сестрите Родиќ “полудеа“ по синовите на пејачките: И најстара сестра е во врска со син на пејачка? (Фото)

Откако Богдана Родиќ стана снаа на Цеца, следуваше нејзината сестра Бојана која се омажи за синот на фолкерката Гоца Божиновска, а сега и најстарата сестра Наташа е во врска со син на пејачка. Имено како што објавија српските портали, Наташа Родиќ е во врска со синот на пејачката Злата Петровиќ.

И претходно се шпекулираше дека Јован Пејиќ (21) е во врска со Наташа Родиќ (30) но “свекрвата“ Злата Петровиќ демантираше. Сега српските таблоиди пишуваат дека имаат доказ кој потврдува дека Јован и Наташа се нешто повеќе од пријатели. Имено, таа на социјалната мрежа Инстаграм откри дека е во емотивна врска, со тоа што објави story од романтичната вечера со личност чиј идентитет не сакаше да го открие, додека целата сцена ја придружуваше со емотикони кои изразуваат љубов. Деталот што јасно може да се види на нејзината фотографија е часовникот што го носи непознатиот млад човек, а станува збор за модел што го носи младиот Пејиќ.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: