Балканленд

Северина отвори ново музичко поглавје: три песни, три приказни, една жена

Северина повторно покажува дека музиката за неа не е само песна, туку приказна што се живее. Со објавувањето на „Нисам крива ја“, хрватската музичка ѕвезда го отвора своето најново музичко поглавје – проект составен од три песни што заедно создаваат една емотивна целина.

„Нисам крива ја“ е интимна поп-рок балада што зборува за љубовта, разочарувањата и емоционалните лузни што човек ги носи со себе. Во песната Северина ја претставува жената која сè уште знае искрено да сака, но животните искуства ја научиле дека понекогаш срцето мора да се заштити, дури и тогаш кога најмногу сака повторно да се отвори.

„Како што вели песната… Не сум јас виновна – по сите прашања. Ова е емотивна поп-рок песна. Мама ми шиеше фустан за на суд, но за среќа повеќе немам судења, па нека го видат фустанот“, изјави Северина, во својот препознатлив стил и со доза хумор. Видеоспотот е во режија на Петар Пашиќ, кој зад себе има неколку успешни соработки со пејачката. Музиката ја компонираше Бојан Васиќ, текстот е дело на Данијел Павловиќ, аранжманот го потпишува Иван Попескиќ, додека за вокалната продукција е заслужен Бранимир Михаљевиќ.

Но, ова не е само уште една нова песна. Северина истовремено ги објави и „Позови ме ти“, која го носи поднасловот „Анксиозна“, како и „Свирајте ми раѓај синове“, означена со поднасловот „Совршена“.

Така, трите песни ја сочинуваат музичката трилогија:

  • „Нисам крива ја“ – Бесчувствителна
  • „Позови ме ти“ – Анксиозна
  • Свирајте ми раѓај синове“ – Совршена

Три различни емотивни состојби, три животни приказни и три лица на една иста жена. Наместо класичен албум, Северина нуди концептуален музички проект во кој секоја песна има свое место, но вистинската порака се открива дури кога ќе се слушнат сите три. Македонската публика наскоро ќе има можност новите песни да ги слушне и во живо. На 5 декември, Северина ќе одржи голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што, покрај новиот музички материјал, ќе ги изведе и своите најголеми хитови.

Билетите за концертот веќе се во продажба преку KupiKarta.

Можеби ќе ве интересира: