Балканленд

Синан Сакиќ префрлен на клиника

Фолк пејачот Синан Сакиќ беше префрлен на клиниката во Белград каде беше сместен за да му биде направена трансплантација. Но, синовите на Сакиќ се искараа со докторите поради наводно поместување на терминот за трансплантација на црниот дроб и го извадија татко им од клиниката.

Синот Ернест е приведен откако направил скандал во интерното одделение. До доаѓањето на полицијата, медицинскиот персонал го совладал и го врзал за радијатор. По скандалот, од таму Сакиќ е префрлен на приватна клиника во Белград, каде ќе остане неколку дена пред да замине на трансплантација во Падова.

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: