Се погласни се гласините дека постои тајна врска помеѓу Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ, која тие две ја чуваат подалеку од очите на јавноста. Љубовниот живот на Марија Шерифовиќ отсекогаш бил интригантен. Сепак, пред таа исповед, таа откри дека е во врска со еден маж – Славен Калезиќ. Пејач и актер од Црна Гора и единствен припадник на посилниот пол со кој Марија била во врска најмалку шест месеци. Има и такви кои веруваат дека тоа било само маркетинг.
Бившиот на Марија се појави на светската сцена на Евровизија во здолниште и целосно проѕирен горен дел од костумот. Подоцна го соблече здолништето и остана во сјајни панталони. Сепак, ниту ова не е нешто необично. Во 2013-та година, Марија призна дека сака жени.
“Јас сум лезбејка! Бев со една девојка и тоа е прекрасно чувство. Знам дека сите дојдовте за ова прашање. Можам да ви кажам дека е одлично да имате врска со некој чија брада не боцка”, рече таа на тогашната прес-конференција. Медиумите ја следеа пејачката со будно око со цел да ја сликаат со девојка, а таа самата крена прашина на социјалните мрежи објавувајќи фотографии на кои се гледа женска рака. Српските медиуми ексклузивно објавија дека Марија е во врска со Елена Кариќ една година.
По врската со дизајнер на ентериер, Шерифовиќ најде среќа во новата врска со атрактивна девојка од Лос Анџелес, поради што често одеше во САД, но нејзиниот идентитет остана тајна.
Според медиумите, Марија имала бурна врска и со Рената Лончаревиќ, хрватската победничка за Мис Универзум 2000. Двете не се криеја од медиумите, но сепак се грижеа за своето однесување во јавноста и тврдеа дека се пријатели. Интересно е и тоа што Марија отсекогаш имала долги врски.


