Бугарски шоумен, а од скоро и политичар кој за првпат настапува со својата партија – Има таков народ (ИТН) на парламентарните избори во Бугарија, Слави Трифонов му понуди на нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, да стане дел од неговата екипа и да му обезбеди „работа и достоен живот“.
“На Васил Гарванлиев, кој треба да ја претставува Македонија на Евровизија, му се заканува соборување од сограѓаните во Македонија, бидејќи тој објави дека е и Бугарин, бидејќи има и бугарски пасош. И сега се води кампања против него во Македонија тој да не ја претставува земјата на Евровизија
Но, почитувани сонародници, Бугарија е секаде каде што има барем еден Бугарин. И додека има еден Бугарин во Македонија, пардон, во Македонија има многу Бугари, но јас мислам конкретно на Васил Гарванлиев, затоа му го предлагам следното:
Василе, драг пријателе, ти си добар пејач, а јас и моите колеги имаме искуство во продуцирањето на добри пејачи. Повели кај нас и јас и мојата екипа ќе ти обезбедиме работа и достоен живот. Решението е твое. Ние Бугарите треба да се поддржуваме”, напиша Слави Трифонов на Фејсбук.
Слави е телевизиски водител од 2000 до 2019 година го води “Шоуто на Слави” на БТВ, по што не го продолжува договорот, и отвара своја телевизија “7/8” каде продолжува со свое шоу овој пат “Вечерното шоу на Слави Трифунов”. Она по кое што е познат за Македонците е гостувањето на Игор Џамбазов, кое се раскажува до ден денес, но покрај Игор единствени Македонци кои биле дел од неговото шоу се Каролина и Тоше и Џамбо. Во емисијата во која беше гостинка Каролина,заедно ја пееа “Лихнида”.

