Балканленд

Со голем и спектакуларен концерт во софиската арена бугарската пејачка Преслава прослави 20 години на музичката сцена (Фото)

На 16-ти ноември во Арената “Софија” се одржа долгонајавуваниот спектакуларен концерт на една од најпознатите бугарски пејачки Преслава. Како што не известуваат нашите соработници од Нова ТВ, 15.000 илјади влезници за овој концерт биле распродадени веднаш по нивното објавување и пуштање во продажба. Дури во последен момент организаторите морале да издејствуваат уште неколку илјади влезници за фановите на Преслава.

Преслава концертот го започна со баладата „Не сам ангел” („Не сум ангел”), а веднаш потоа по огромниот громогласен аплауз таа се обрати на присутната публика заблагодарувајќи се што цели 20 години публиката и фановите ја поддржуваат. Таа истовремено им вети дека вечерта како за неа така и за нив ќе биде посебна, уникатна, единствена. А веднаш потоа продолжи со добро познатите нејзини хитови и огромното позитивно расположение во публиката.

Нејзините добро познати пријатели и колеги за медиумите изјавија позитивни зборови како за неа, така и за нејзината кариера и живот. Па така, познатиот бугарски пејач Константин за бугарските медиуми изјави дека со Преслава се познава уште од почетокот на нејзината кариера.

„Таа е многу убиствена пејачка. со шарм, посебна убавина која привлекува, такво големо влијание… Таа е една од најголемите”, изјави Константин. Додека пак, поп-фолк пејачот Галин кој што е од местото Добрич, исто како и Преслава за медиумите вели:

“Бев многу млад кога ја видов за прв пат. Таа е колешка на татко ми, тие се музичари и уште од мала ми се допаѓаше многу. Уште пред да стане ѕвезда работеше во ресторанот блиску до нас“, се сеќава тој.

Пејачот Илијан се сеќава дека ја запознал во Приморско, каде што работела веднаш до ресторанот каде што тој често го посетувал. А Софија Маринова пак сподели дека почувствувала силни емоции.

“Јас сум уште повозбудена од Преси, навистина ги сакам нејзините песни. Нема нејзина песна што не ми се допаѓа”, вели таа.

Самата Преслава по завршувањето на концертот изјави дека воопшто не е уморна, туку напротив:

„Луѓето ме кренаа толку многу што можев да се вратам на сцената и да направам два и пол часовен концерт повторно. Многу се враќав во времето и ми беше многу убаво, дури цело време се плашев дека ќе плачам, но мислам Ја одржав ситуацијата. Мора да имаш талент и дисциплина. Со текот на времето, видов многу таленти на кои им се восхитував, но ништо не им се случува без причина. Мислам дека и карактерната особина придонесува да се биде во одредена позиција и да се задржи со години“, откри Преслава. А на прашањето што си посакува и каде се гледа за 20 години, таа одговори:

„Сакам да бидам здрава, да бидам среќна, да правам добри песни, а ако ми се случи истото ова од вечерва уште неколку пати, ќе бидам многу среќна“.

Можеби ќе ве интересира: