Раперот Стефан Ѓуриќ – Раста ја шокираше јавноста со својата најнова објава на социјалните мрежи. Тој се снимаше до споменик со неговото презиме и открил дека си купил гробно место. Раста во видеото рече „Раста ни гроб не изнајмува“, а изјавата ги шокираше сите. Набрзо следеа коментари и реакции. „Дали си луд брате“, „Ах, тој е целосно луд“, „Вистински ли е ова“… беа само дел од коментарите.
Да потсетиме, Раста по притворот почна да води помирен живот и истакна дека излегувањето од притвор му било како нов роденден и дека додека бил таму минал низ различни фази, особено креативни.
“На крајот на сето тоа, вистината е дека слободата е бесценета и дека нема ништо повредно од тоа. Мојот пример нека биде поука дека не треба да поминувате низ се во животот”, рекол Раста.
