Балканленд

Српската пејачка Каја Остојиќ ќе се венча со познатата DJ ѕвезда Џуниор Џек

Српската поп пејачка Каја Остојиќ за неколку дена ќе се венча со нејзиното момче познатата DJ ѕвезда DJ Вито Лученте или попознат во јавноста како DJ Џуниор Џек. Тие изминатото лето заедно летувале на островот Маурициус каде прво се шпекулираше дека токму таму тие ќе ја направат својата венчавка, но поради недоволно документи пејачката и нејзиниот вереник не можеле тоа да го направат.

Инаку, тие се веќе две години заедно и секогаш кога можат изјавуваат дека се вљубени исто како и првиот ден. Нивната свадбена церемонија, како што и двајцата инсистираат, ќе биде подготвена и организирана само за најблискиот круг на семејството и пријателите, далеку од очите на јавноста. А веднаш по неа, Каја заедно со својот избраник ќе заминат за Брисел каде што живее познатиот DJ.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: