Балкански познатиот пејач Владо Георгиев кој што е познат по големиот број на балади, хит песни и емотивни концерти, остана со блокирани сметки. Како што пишуваат српските медиуми, тој освен музичката кариера има и своја сопствена компанија која директно инволвирана во многубројни проекти во текот на изминатите години.
Еден од проектите на кој што работеше компанијата на Горгиев е осветлувањето на мостот кај местото Бечка, од кој што пејачот заработил 10,5 милиони динари. И покрај тоа што тој го негира добивањето на овој проект, сепак, медиумите пишуваат дека истиот е поврзан со поранешниот министер за инфраструктура на Србија, Милутин Мркоњиќ, или уште познат во јавноста како партнер на фолк пејачката Ана Бекута.
Тие уште додаваат дека во 2016-та година компанијата на Владо Георгиев „ВГ Арт студио“ има завршено со приход од 445.000 динари. Додека пак, следната 2017-та година бил забележан деловен дефицит од 219.000 динари, а на крајот на 2018 година падот беше уште подрастичен. Само во текот на изминатата 2020 година тој успеал финансиски да се опорави.
Како резултат на работењето, неговата компанија „ВГ Арт студио“ во банките е со блокирана сметка и тоа од 17-ти септември минатата година. На веб-страницата на Народната банка на Србија се наведува дека „ВГ Арт Студио“ е блокирано 14-ти пати од 2016 година. Најмногу во текот на 2017 година.
Според српскиот весник “Курир“, Владо Горгиев е во нова неволја поради неплатени обврски кон доверителите, кои изнесуваат 1.508.522 динари. Сметките на неговата компанија „ВГ Арт Студио“ со тоа пак ќе му бидат најверојатно блокирани. А, поради пандемијата и тој како и другите пејачи се потенко заработува.
