Откако Тања Савиќ се врати во Белград, таа е се повеќе и повеќе под притисок на јавноста.
“Јас сум едноставна личност, не правам скандали и никогаш на никого не сум му посакала зло. Меѓутоа, тоа што малку зборувам за својот приватен живот на душегрижниците им дава право да измислуваат приказни за мене”, изјавила Савиќ за српските медиуми. Изминатиот период многу се зборуваше за нејзиниот приватен живот и односот со нејзиниот сопруг, таа во оваа прилика пред српските медиуми ги негираше гласините дека морала да избега од сопругот на сигурно, и воедно додала дека е среќна што има покрај себе човек кој ги разбира и сфаќа нејзините работни обврски.
Нејзиното враќање во Белград, го искористи и сопственикот на “Гранд” продукција, кој на Тања и предложил да сними дует со нејзината колешка Славица Чуктераш. Според многумина, знаејќи ја состојбата помеѓу овие две пејачи, со снимањето на заедничка песна – дует, конечно може да се каже дека двете грандови ексклузивки ќе бидат помирени. Но дали овој дует ќе се сними или не, тоа сепак зависи од Тања Савиќ, која се двоуми и размислува дали воопшто да се врати на музиката или не.
Подготви: Редакција Музика24
