Балканленд

Тања Савиќ заплака во емисија во живо: Децата ги немам видено година дена (Видео)

Во вчерашната емисија “Амиџи Шоу” која се емитува на Телевизија Пинк, познатиот автор, уредник и водител на истата Огњен Амиџиќ после долго време за прв пат искрено ја праша познатата српска пејачка Тања Савиќ што всушност се случува со целата таа приказна околу нејзиното заминување во Австралија, децата, нејзиниот сопруг… на што таа одговарајќи на неговото прашање заплака во емисија.

“Жената може многу да издржи што се однесува до емоциите и до некои други работи… кој и да ги земе децата на мајката, тоа е нешто најлошо што може да и се случи”, одговори пејачката и плачејќи откри дека сопствените деца ги нема видено година дена, освен комуницирајќи со нив преку интернет. Таа уште додаде дека наскоро ја очекува судење и дека е доволно силна сето ова да го преживее и се надева дека сето ова не било залудно и дека сепак на крај правдината ќе биде на нејзина страна.

Што друго откри и одговори пејачката, погледнете во продолжение:

Можеби ќе ве интересира: