Балканленд

Тијана Богичевиќ ќе ја претставува Србија на Евровизија

Српската поп пејачка Тијана Богичевиќ ќе биде српска претставничка на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи од 9-ти до 13-ти мај во Киев, Украина. Богичевиќ која живее и работи во Америка била избрана од музичката редакција на РТС.

Автори на овогодинешната српска песна се музичките продуценти и основачи на „Symphonix International“, Борислав Миланов,  Bo Persson, Johan Alkenas и Lisa Ann-Mari Linder. Овој тим има богато искуство и соработка со многу популарни изведувачи како: Џон Леџенд, Лејди Гага, Кели Кларксон, Токио хотел и многу други. А исто така работеле и на победничката песна на Кончита Вурст од Евровизијата во 2014-тагодина.

Тијана е сопруга на американскиот музичар Марк Робертсон, а претходно имала и искуство на Евровизија како пратечки вокал во 2011 година, кога Србија ја претставуваше Нина Радојчиќ. Радио телевизија Србија наскоро ќе ја промовира песната со која Богичевиќ ќе ја претставува Србија на Евровизија. А во меѓувреме слушнете ја нејзината најпопуларна песна:

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: