Хрватската радиотелевизија ја започна новата сезона на музичката емисија “А страна” со епизода посветена на Оливер Драгоевиќ. Неговите соработници, пријатели музичари, колеги, придружувани од камерен оркестар и хор, беа дел од вечерта со која му се оддава почит на најголемата хрватска ѕвезда.
Изведувајќи ја “Што то бјеше љубав”, Тони Цетински не издржа и заплака на сцената. Настапите на Петар Грашо, Стјепан Хаусер и останатите, погледнете ги на линкот во продолжение: “A Strana”.
