Гитаристот на “Black Sabbath”, Tony Iommi, ја напиша песната која ќе ја претставува Ерменија на Изборот за песна на Евровизија кој ќе се одржи во Малме, Шведска. Еден од основачките членови на влијателниот британски хеви метал бенд изјави дека песната “Lonely Planet” била “демо идеја” која победила на ерменскиот избор. Песната ќе биде изведена од Dorians.
Iommi има и претходна поврзаност со Ерменија. Тој беше меѓу неколкуте рок ѕвезди кои помогнаа во собирање добротворни средства после големиот земјотрес од 1988-та во кој загинаа 25.000 луѓе, а десетици илјади остана без покрив над главата. За време на една посета на земјата во 2009-та му беше врачен орден на честа, а беше вклучен и во друг проект за обнова на музичко училиште. Инаку, Iommi и неговите колеги од “Black Sabbath”, Ozzy Osbourne и Geezer Butler, го снимија првиот албум на бендот долги години. Тој ќе биде издаден во јуни.
Подготви: Редакција Музика24
