Најголемиот фестивал на забавна музика во Европа доживеа голем шок откако 21 припадник на украинскиот организациски тим поднесе оставка. Тие во својата оставка изјавија:
“Целосно сме немоќни за донесување на понатамошни одлуки во однос на натпреварувањето”.
И покрај ова, Европската Радиодифузна Унија (ЕБУ) ги советуваше украинските јавни радиодифузери да ги почитуваат роковите и покрај неодамнешните случувања. Се уште не е познато дали новата одлука на организацискиот тим ќе го загрози овогодинешниот фестивал.
Подготви: Виолета Трајковска
