Саша Поповиќ, еден од најпознатите лица во Србија е најверојатно и најплатениот пензионер во целата држава. Откако својот дел од “Гранд” го продаде на една странска компанија, Саша Поповиќ заработува плата од 200.000 илјади евра на годишно ниво. Неговиот ангажман во “Ѕвездите на Гранд” изнесува 5000 илјади евра по емисија. Тоа значи дека во еден месец, во кој се емитуваат пет емисии од музичкото шоу, Поповиќ ќе заработи 25.000 илјади евра.
Саша сега се води како специјален советник за “Ѕвездите на Гранд”. Тој и понатаму го смислува целиот концепт, кандидатите, составот на жирито. Како генерален директор на “Гранд” тој заработувал многу повеќе, но одлучил да го намали темпото. По повод финасиската ситуација се огласи и ПР службата на Поповиќ.
“Што се однесува до бизнисите на Саша Поповиќ и “Гранд” само може да се коментира, но не и она што се однесува на неговите приватни работи”, велат од ПР тимот на Саша Поповиќ.
