По првиот оправдано откажан концерт, вчера вечер познатиот црногорски романтичар Владо Ѓеоргиев одржа незаборавен спектакуларен концерт во Белградската Комбанк Арена. Во преполнетата арена тој заедно со присутните ги пееше сите хитови со кои стана она што е денес. Во еден глас се пееше “Анџеле”, песна која е препознатлива за Ѓеоргиев. А со одржувањето на овој концерт, тој го прослави и својот 38-ми роденден.
“Ви благодарам што дојдовте. Сите знаеме низ што минаа луѓетo во изминатиот период и зошто концертот беше одложен. Нашата енергија ќе помогне да се надминат сите негативни работи”, изјави Ѓеоргиев.
Освен тој, на сцената како негови гости се појавија и Саша Ковачевиќ, Жељко Васиќ, Бојан Маровиќ, Дадо Глишиќ и Игор Лазиќ. Ова претставува и прв концерт од неговата закажана балканска турнеја со што тој планира свои концерти да има во сите поголеми градови од поранешна Југославија.
Подготви: Марија Каревска
