Балканленд

Во негов стил: Ова е првата песна на ќерката на Џеј (Видео)

Ќерката на покојниот Џеј Рамадановски тргна по неговите стапки. Таа денес ја промовираше својата прва песна „Од кад ниси ту крај мене“, која излегува точно на годишницата од смртта на Џеј. Имено пејачката кариера на Марија била желба на нејзиниот татко а таа му ја исполнува со оваа песна посветена нему.

Песната е мое деби, кое секако е посветено на татко ми. Раде Ратковиќ и Александар Јовановиќ работеа и многу сум им благодарна на оние луѓе кои се обидоа да ми помогнат и се надевам дека нема да ги изневерам. Секако ќе има и видео запис, не знам точно кога, но им дозволувам на луѓето да ја слушнат целата песна додека не се заврши спотот. – вели Марија.

Дебито на Марија Рамадановски е во музичкиот стил на Џеј. Кога првпат ја слушнала песната ѝ потекле солзи, а сигурна е дека нејзиниот татко би сакал да може да ја слушне.

Се надевам дека публиката ќе ја препознае оваа емоција, која е искрена и наменета за татко ми. Кога ја слушнав песната ми потекоа солзи, многу емотивна песна, се надевам дека ќе им се допадне на сите, мислам дека и на тато би му се допаднала доколку ја слушне. Мислам дека некаде бара, па ми дава сила да го протуркам сето ова. Песната е во стилот на тато, боемска, побавна, емотивна, а во песната има и некои негови фрази. – додава наследничката на Џеј.

Можеби ќе ве интересира: