Веќе неколку години по ред дел од фестивалот на скарата и пивото “Пивофест” е познатата водителка и манекенка Маријана Станојковска. Оваа година освен што секоја вечер ги изненадува присутните и тв гледачите со интересни и провокативни тоалети, таа утрово на денешниот прес во паркот Могила ги изненади новинарите сакајќи да има спомен фотографија и со нив.
Новинарите од локалните, како и национални интернет портали, радио и тв медиуми имаа привилегија да се фотографираат со една од најубавите македонки. Сеуште не знаеме во што и како ќе биде облечена Маријана вечерва, но едно е сигурно, таа и оваа вечер ги ќе собере воздишките од нејзините обожаватели.
Подготви: Иван Јосимовски
