Балканленд

Војаж сними дует со преубавата Елена Китиќ (Видео)

Ваква музичка соработка никој не очекуваше, но ова е доказ дека чудата се возможни и дека се случуваат. Овие два млади и моќни вокали кои се секојдневно едни од најбараните и се качуваат левел погоре и погоре, заедно одлучија да ја здружат својата снага, популарност и да снимат заеднички дует. А нивната најнова заедничка песна го носи насловот “Лондон”.

И за оваа песна, Војаж го има напишано текстот и музиката што уште еднаш се покажа дека освен на сцената, младиот артист го интересира и може кога сака да се посвети на создавање нова авторска музика.

Инаку, Елена Китиќ, ќерка на познатиот српски фолкер Миле Китиќ, во спотот дури сите ги изненадува со својата сексипилност, во црн купаќи костим каде целосно се гледа нејзиното тело, кое рака на срце е одлично за разлика од некои други пејачки како на српската, така и на македонската музичка сцена. На себе има ставено само будна со која уште повеќе ги буди фантазиите и страстите кај машкиот пол. Војаж пак во видео спотот се појавува во кожно одело кое инаку веќе го има носено на за него важен настан, а станува збор за музичкиот викенд во Србија кој што се одржа летото кое што е веќе зад нас.

Долго време се шпекулираше дека помеѓу младиот Војаж (Михајло) и Елена Китиќ веќе подолго време се случува нешто на љубовен план, се поради тоа дека често се гледани заедно во јавноста. А тогаш младиот рапер стави крај на ваквите шпекулации и изјави:

“Луѓето зборуваат сешто, но тоа не е точно. Елена и јас сме само пријатели и соработници, ништо повеќе”, изјави Војаж неодамна.

А за тоа како звучи и визуелно изгледа нивната најнова соработка, погледнете во продолжение:

VOYAGE X ELENA - LONDON (OFFICIAL VIDEO)

Можеби ќе ве интересира: