Како што дознава српски “Курир” од блиски извори на семејството на кралот на народната музика, дебатата за наследството се одржувала неколку пати досега, но наследниците не можат да се договорат за поделба на имотот. Станува збор за фактот дека целиот недвижен имот, вреден милиони евра, бил пренесен на името на Гордана Шаулиќ, вдовицата на Шаулиќ, но и на нивните заеднички деца Санела, Илда и Михајло. Шабан поседувал само автомобил „Фиат Стило“, како што е наведено во судската евиденција, тој дури и немал заштеда. Кога Роберт и неговиот адвокат го слушнале тоа, решиле да влезат во правна војна. Тие на секој начин се обидуваат да докажат на суд дека Шабан заработувал единствено во семејството и дека само тој можел да стекне вреден имот што сега се пренесува на други луѓе. Како доказ, тие наведоа и некои написи во весниците од февруари 2014 година, во кои пишуваше дека „Шабан купи вила на Дедиње во вредност од еден милион евра“. Тие исто така изјавија дека факт е дека покојниот пејач работел неколку децении и бил најплатен музичар, и дека Гордана, како сопруга, имала на располагање пари затоа што таа била негов менаџер. Како доказ за тоа, тие наведуваат дека таа со години ја имала компанијата „Луна мјузик“ преку која наплаќала за концертите на Шаулиќ, а таа компанија е сеуште активна. Ново рочиште треба да се одржи на пролет, но не е познато дали судот потоа ќе донесе одлука за поделба на имотот и во чија корист ќе биде.
“Роберт веќе една година избегнува да се појавува во медиумите, а тоа го стори пред два дена во спомен на неговиот татko. Според законот, родителот не може да се откаже од своето дете, а јас имам докази дека Шабан го признал. Гоца е големо зло и сите го знаат тоа. Таа стори сé. Таа ги префрлила становите и куќата на себе и на децата, но лесно е да се докаже дека сето тоа е купено од парите на Шабан”, пишува во пораките што Роберт кои ги испратил до српските медиуми.

