Очигледно дека летото за познатата српска поп пејачка Наташа Беквалац сеуште не е завршено. Таа заедно со старо-новиот дечко манекенот Влада Вуксановиќ се забавуваат во Ибица, Форментери и едноставно уживаат во љубовта. Близок извор на заљубената двојка вели дека тие заминале на продолжен летен одмор за пред се да ја зацврстат својата врска, а секако и да поработат на своето потомство.
Истиот извор додава дека познатиот и посакуван манекен Влада сака да стане татко и дека можно е по враќањето на двојката од шпанскиот остров да ја израдуваат јавноста со интересна и убава информација. А како тие се забавуваат, можете да погледнете од неколкуте фотографии во продолжение.


