Балканленд

Заврши “Пивофест 2014”, прилепчани задоволни од гостите и програмата (Фото)

Во неделата вечер заврши најлудата и најголема забава на овие простори, 12-то издание на фестивалот на пивото и скарата “Пивофест 2014”. Градот под Марковите кули четири дена живееше 24 часа нон-стоп. Многу забава, музика, играње, пеење, плех музика по улиците… многу посетители и сето тоа без престан. Од Даниел Кајмакоски, Владо Јаневски, Тамара и Тијана, па се до Јелена Розга, Тони Цетински, Емина Јаховиќ, Жељко Самарџиќ… на сцената публиката можеше да се забавува и ужива во одличната музичка програма за која и оваа година се погрижија организаторите.

“Супер беше, одлично, се беше во најдобар ред и организацијата и забавата и музичките ѕвезди”, рекоа анкетираните граѓани за Музика24. Оценките се дека ова издание е најдоброто досега, знаејќи дека многу од нашите кои работат и живеат надвор од Македонија својот годишен одмор го земаат токму во овој период од годината, а освен тоа, речиси од сите градови го посетуваат ова музичко фестивалско здание.

Emina Jahovic_pivo fest 2014А освен граѓаните, задоволни беа и музичките имиња кои беа дел од ова 12-то пивофест дружење. Тие за новинарите изјавија:

“Секој пат срцето ми трепери кога ќе видам вака 100.000 луѓе на едно место, одлично е”, изјави Јелена Розга, додека пак Емина Јаховиќ вели: “Луѓето и позитивната енергија најмногу ме воодушевува, најважна е таа добра енергија која владее”. На една од последните прес конференции на која што свое учество зема и познатиот балкански поп пејач и ѕвезда на овој “Пивофест”, пред присутните новинари изјави дена македонците се позната музичка нација и дека поради тоа одлично се забавуваме и сложуваме.

Специјалираниот македонски музички портал Музика24 пред својот летен одмор, ќе Ви подготви детална анализа и дел од интервјуата кој ги подготви за време на ова пивофест издание. Ние како еден од медиумските покровители на “Пивофест” и во иднина ќе ги подржуваме и следиме сите настани кои се поврзани со музиката, а се во организација на општината Прилеп. До следниот “Пиво фест”… На Здравје!

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: