Балканленд

Здравко Чолиќ го најавува 14-от студиски албум “Оган и барут”

Познатиот балкански легендарен пејач Здравко Чолиќ го најавува својот 14-ти студиски албум насловен “Оган и барут”. Албумот според информациите од нашите соработници од Белград, содржи 12 нови песни, од кои повеќето се дело на Момчило Бајагиќ-Бајага и познатата Марина Туцаковиќ. На новиот албум, свои аранжмани и продукција имаат Воја Аралица и Никша Братуш. А за прв пат, како соработници се појавуваат и имиња од Сараево и Загреб. Меѓу нив ќе ги споменеме Антонија Шола и Бруно Ковачиќ кои на овој албум се појавуваат како кантавтори, а никако не може да се заборави и познатата Марија Сар која исто така соработува со Чолиќ на новиот албум.

Исто како и во изминатите албуми, така и во овој, познатиот пејач има свој удел во речиси девет песни за кои лично ја компонираше музиката и го напиша текстот. Албумот “Оган и барут” се очекува да излезе во средината на овој месец, кога ќе се најде и на продажните места.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: