Никогаш не се откажува од музиката, иако е при крај со неговиот нов албум кој се планира да излезе оваа година. Пред неколку минути на својата официјална фан страна прикачи фотографии од снимањето на новиот спот во друштво со тамбурашкиот оркестар “Рингишпил”, но сеуште немаме информации за кој сингл станува збор.
Да потсетиме, Балканскиот шлагер Жељко Самарџиќ настапи со свој солистички концерт во Метрополис арената во Скопје каде публиката уживаше во безбројните хит синглови кој никогаш не се забораваат, а ќе останат евергрин.
Во продолжение погледнете дел од фотографиите на новиот спот кој за брзо време ќе биде пуштен во етер.




Но и да се потсетиме на актуелниот хит сингл за оваа година “Марија” за кој има снимен провокативен видео запис заедно со диџеј Игор Гарниер.
Подготви: Редакција Музика24
