Популарниот музичар Жељко Јоксимовиќ неодамна прими вакцина против коронавирусот, а денес направи и проверка на антитела, за да се види ефикасноста на вакцината.
Бидејќи во Србија одамна започна масовната вакцинација на населението против короната, Јоксимовиќ беше меѓу првите граѓани што ја примија вакцината. По изминување на периодот предвивден за создавање антитела, тој денес направи проверка на антителата, а резулатите ги објави на Инстаграм.
Музичарот сподели дека индексот на антитела му е 12,82, додека за гранични вредности е наведено: под 1,00 – без антитела на вирусот, а над 1,00 – со антитела на вирусот. Што би значело дека вакцината има ефект и создава антитела со што Јоксимовиќ и секој кој ќе ја прими е заштитен од вирусот за одреден период.

