Во третата седмица од февруари традиционално по седумнаесети пат ќе се одржи доделувањето на “Златна Бубамара на популарноста” на која организаторот ги обврзува сите посетители и учесници да бидат во текот со времето (современи), да користат голема “автоцензура” и на настанот да дојдат без своите “автомобили”.
“Најпопуларната и најочекувана манифестација од нашата поранешна и сегашна земја, “Златна Бубамара на популарноста” го најавува седумнаесетото издание со еколошки монетарен слоган “Од пари се живее – не од воздух!”, велат организаторите на споменатата манифестација.
“Чистиот воздух и мирната душа се потреба во секое хумано опшество, и додека го чекаме тој убав ден, бараме да ќутите, слушате радио и дишете по дома”, велат од популарното скопско Радио Буба Мара и најавуваат дека овој голем медиумски празничен ден, повторно ќе биде во знакот на сатира, пристоен хумор и добра музика.
“Златна Бубамара на популарноста” секогаш во свој препознатлив стил ја прераскажува изминатата година, ја дијагностицира и лекува нашата реалност и општествена стварност.
“Во изминатите години создававме тематски различни идеолошки буба мари: затворска, транзициска, европејска, романтична, барокна, малерозна, социјалистичка. За оваа година нашата програма повторно ќе биде – вкусно природно овошје создадено од овоштарникот на нашите најпопуларни личности и уметници кој создаваат богатство на нашата душа”, вели Ранко Петровиќ автор и режисер на “Златна Бубамара на популарноста”. Билетите ќе се продаваат од 12-ти јануари преку МК тикетс.
Подготви: Редакција Музика24
