Балканленд

Зорица Брунцлик станува Јутуберка

Кризата предизвикана од коронавирусот удри по музичарите од естрадата, па сите сега бараат алтернативен начин за да заработат за живот. Фолк-пејачката Зорица Брунцлик реши да направи драстичен чекор, и сега таа ќе се испроба како Јутјубер.

Имено, Зорица го најави својот ангажман во авторската емисија „Брунчликовање“, што ќе го започне на ЈуТјуб. Веќе се снимени пет пилот епизоди, а како што открива пејачката, гледачите наскоро ќе можат да ги видат на нејзиниот официјален канал на Јутјуб.

“Убаво го дизајниравме целиот проект. Ќе има приказни и песни, многу интересно. Се ќе ставам на каналот на ЈуТјуб, па којзнае, можеби некоја телевизија ќе се интересира и ќе го купи шоуто”, вели пејачката, која поради пречката да настапува како порано реши да се испроба како Јутјубер и да заработува пари додека не дојдат подобри денови за пејачите и нивната работа.

Можеби ќе ве интересира: