Балканленд

Зорица Марковиќ најавува автобиографија со наслов „Ку*во, усрачу ти се у живот“

Пејачката Зорица Марковиќ ги разбрануваше духовите на естрадата кога откри дека ќе ја нарече својата автобиографска книга „Ку*во, усрачу ти се у живот“. Зорица во книгата планира да ги разоткрие своите колеги. Имено таа реши да ги стави на хартија сите долго чувани тајни на многу пејачи, и иако се обиде да ги скрие деталите за книгата, сепак откри дека една од актерките во нејзината биографија ќе биде Лепа Брена, со која како што објасни имала најголемо натпреварување на почетокот на нејзината кариера.

„Едно цело поглавје ќе и посветам на Лепа Брена. И реков дека некогаш само јас бев нејзин ривал, затоа постојано ми ставаа сопки, но никогаш не ги открив деталите што сега ќе ги откријам во книгата. Веројатно многу луѓе ќе бидат лути, но тоа не ме интересира, требаше да размислат за тоа кога правеа работи што не требаше да ги прават. Досега никој не ми се јавил затоа што веројатно не претпоставуваат дека ќе бидат во книгата. Тие имаат причина да се плашат затоа што не открија целосно сè за нивните животи. Мојата книга сигурно ќе предизвика нервоза на естрадата, тие доаѓаа во моите кафеани со своите љубовници, но нивните неверства никогаш не протекоа во јавноста.“ – изјави Зорица за српски Ало.рс.

Сепак Зорица не знае кога книгата ќе биде објавена, бидејќи неодамна отвори нова кафана.

„Не можам сега да и се посветам на книгата затоа што штотуку отворив нова кафана. Сакам да го разработам бизнисот и да му се посветам.“ – вели Зорица.

 

Можеби ќе ве интересира: