Балканленд

Зорица сурово за естрадата: Најсилен е кланот за ромски свадби

Зорица Марковиќ повторно отворено проговори за естрадата и пејачите, како и за причините зошто не сака да пее на ромските свадби.

“Тоа е најсилниот клан за ромски свадби. Во него се Љуба Аличиќ, Снежана Ѓуришиќ, Злата Петровиќ, беше и покојниот Шабан Шаулиќ… Не ги обвинувам нив, туку менаџерите. Пејачите прават три свадби за себе, па една за менаџерите. Нека се заебаваат, не сакам да пеам за менаџери кои сакаат да го соберат “кајмакот“, а јас измочав крв за да направам кариера”, открива пејачката.

Зорица тврди дека одредени колеги биле љубоморни на неа па зборувале разни невистини зад грб.

“Сакам да дадам процент, но нема да пеам бесплатно. Јас не припаѓам на тој свет. Многу колеги ми зборуваа одзади. Тоа го прават и денес. На пример, со хармоникашот Мишо Мијатовиќ не сум разговарала 15 години. Кога се смиривме, ми призна дека е љубоморен на мене. Знаеше дека сум една од петте најдобри пејачи кои прават свадби, а потоа зад грб ми зборуваше колку сум неодговорна и дека барам голем хонорар само за да не ме викаат повеќе да пеам. Да не зборувам како музичарите ми крадеа бакшиш на свадби. Некои колеги зборуваа за мене и за Вера Матовиќ дека сме шаторски пејачки”, додаде Зорица.

Зорица уште вели дека за разлика од некои колеги, таа е скромна и жена од народот.

“Тие се однесуваат како да се важни, а ние сме “ку*ац на бициклу“. Јас сум жена од народот, се на мене чини 300 евра, а една нивна обувка чини 500. Никогаш не би се сменила за нивните животи. На сцената речиси сите пријателства се лажни. Јас на никого не ја ставам раката во џеб, никого не загрозувам, може да САМО ДА ми плукаат под прозорецот”, ЗАКЛУЧУВА МАРКОВИЌ.

Можеби ќе ве интересира: