Фестивали

Акустичен соло концерт на “El Chapulin” од Manu Chao

Пред официјалниот старт на јубилејната 20та едиција, Таксират Фестивал вечерва 25 октомври, ја повикува својата публика и пријателите на Таксират дружба во Младинскиот културен центар во Скопје, на која задолжен за музиката ќе биде еден од најверните пријатели на Таксират – Ману. Во оваа прилика со почеток во 20:30ч, Ману Чао со 60-минутен акустичен настап ќе го претстави “El Chapulin” – неговиот нов соло проект, а потоа дружењето музички ќе го режира уште еден наш драг пријател, диџеј Чарли.

Таксират веќе 20 години е музичката алтернативна во Македонија и фестивалска приказна која ја создаваат ентузијасти со одвишок позитивна енергија, па вечерва едно такво другарско музичко напојување споделуваме со публиката, со пријателите, а како што и доликува на еден другарски собир, влезот е бесплатен.

Можеби ќе ве интересира: