Фестивали

Берово и оваа година рушеше рекорди, „Етно Плоштад Фестивалот“ со преку 8.000 илјади посетители викендов (Фото+Видео)

Викендов во Берово на плоштадот „Димитар Беровски“ се одржа традиционалниот и надалеку познатиот „Етно Плоштад Фестивал“. На последната трета фестивалска вечер беровчани и жители од околните градови, но и од градовите ширум Македонија, Бугарија и Србија уживаа во музиката и во музичките настапи (концерти) на диџеј Аладагли, Мики Секулоски, Харис Џиновиќ и  „Инструментал Бенд“.

Последната вечер од фестивалот беше и една од највозбудливите за публиката особено за време на настапот на Харис Џиновиќ кои навистина важи за една голема балканска музичка ѕвезда.

Ние, новинарската екипа од Музика24.мк кои и оваа година бевме акредитирани, а музичкиот портал Музика24.мк беше еден од медиумските партнери на фестивалот, веднаш по самиот настап на нашиот познат македонски пејач Мики Секуловски земавме негова изјава за тоа како се чувствува на овој голем традиционален фестивал, а тој пак веднаш без размислување ни одговори дека навистина му е мило и драго што организаторите токму нему му се јавиле за да учестува на овогодинешното издание на „Етно Плоштад Фестивал“.

„Навистина ми беше драго што од организацијата на фестивалот ми се јавија за да учествувам на истиот. Денеска навистина има многу публика овде во Берово. Според мене овде има преку 4.000 илјади луѓе публика што ми е особено драго. Секогаш ми е мило да настапувам пред нашите македонци со нашата најубава македонска музика и едноставно да ја промовирам нашата музика. Пред се’ треба да ја пееме и промовираме македонската музика, она што впрочем и треба да се слуша кај нас“, вели Секуолски за Музика24.

Едно музичко „бум“ и за публиката и за новинарите, а и за организацијата беше тоа кога Мики Секулоски непланирано повторно се качи на музичката сцена и во еден глас, односно, во дует со балканската ѕвезда Харис Џиновиќ го отпеаа рефренот од добро познатиот хит на Џиновиќ „Како ми недостајеш“. Ова беше навистина убаво и за око и за уши така да целата публика па и нашата екипа, уживаше во музичката изведба на Џиновиќ и Секулоски на песната „Како ми недостајеш“.

По настапот на Џиновиќ, третата фестивалска вечер, а и целиот фествал го затвори групата „Инструментал Бенд“ кои на сцената во ценатрот на Берово беа прекрасни и одлични додека го одржуваа нивниот музички настап.

Фестивалот и целата негова организација беа навистина одлични. Едно е сигурно – секој кој беше и годинава го посети овогодинешното издание на фестивалот уживаше и ќе го памети за цел живот, а Берово изминатиов викенд беше центарот на најголемите музички настани во Малешевијата, фестивалот „Етно Плоштад Фестивал“.

Од Берово за Музика24.мк: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: