Фестивали

Евровизија ја освои Северна Америка: И Канада ќе организира своја Евровизија

По американската верзија на Евровизија, сега и нивните соседи од Канада ќе организираат своја Евровизија. Евровизиското семејство штотуку стана поголемо, со најавата за создавањето на Евровизија Канада! 10-те покраини и 3 територии на Канада ќе се натпреваруваат во оваа уникатна канадска верзија на Изборот за песна на Евровизија!

OutTV ја емитуваше Евровизија во Канада во 2014 и 2015 година (со задоцнување), што беше првпат натпреварот да се емитува таму по децении. Евровизија, исто така, се емитуваше на ТВ ОМНИ во Канада без коментатор во 2019 и 2021 година, но ЕБУ засега не даде информација кој ќе биде емитер на новото натпреваруварање.

Многу евровизиски фанови не знаат дека освен учеството на Селин Дион, Канаѓаните учествуваа на Евровизија во минатото но и неодамна во Тел Авив. Ова се канадските артисти кои се натпреварувале на Евровизија:

1986 – Шерис Лоренс – Луксембург – „L’amour de ma vie“ –  3-то место
1988 – Селин Дион – Швајцарија – „Ne partez pas sans moi“ – Победник
1993 – Ени Котон – Швајцарија – „ Moi, tout simplement“ – 3-то место
2001 – Наташа Сент Пјер – Франција – „Je n’ai que mon âme“ – 4-то место
2016 – Рика – Швајцарија – „The Last Of Our Kind“ – 18-то место
2019 – Катерина Дуска – Грција – „Better Love“ – 21-во место

Извршниот супервизор на Евровизија, Мартин Остердал имаше само убави зборови за создавањето на Евровизија Канада.

Уникатното наследство на Изборот за песна на Евровизија датира од пред 67 години и неговата светска популарност продолжува да расте. Време е Канада да се приклучи на забавата и да стане играч на овој светски спектакл. Љубовта кон музиката е универзална и славењето на различните жанрови и стилови на музиката ги надминува границите, обединувајќи ги луѓето на начин на кој ниедна друга уметничка форма не може. Возбудени сме што ги најдовме најдобрите партнери за да им понудиме друга верзија на овој радосен феномен на новите фанови и да го споделиме овој извонреден натпревар со канадскиот народ.

Дополнителни детали ќе бидат објавени во наредните недели.

Можеби ќе ве интересира: