Директорката на Центарот за култура – Битола, Маја Андоновска – Илијевски, сподели со јавноста дека на 18-ти и 20-ти септември во Битола ќе се одржи Фестивалот на музика од светот.
Првиот потврден артист за овогодинешното издание е познатиот гитарист Владимир Четкар, кој ќе настапи на 20-ти септември.
“Сакавме да биде изненадување, ама Четкар веќе најави, па редно е и ние да се пофалиме. Запаметете ги следниве датуми: 18-ти септември и 20-ти септември. 18-ти сеуште го држиме во тајност, а на 20-ти го имаме Владимир Четкар на Фестивал на музика од светот во Пациото на Заводот и музеј – Битола. Оваа година светот ќе ни го донесат во Битола македонски уметници”, вели Андоновска – Илијевски.
Фестивалот на музика од светот вообичаено се одржува во месец ноември. Но поради неизвесноста со пандемијата, организаторите се одлучија да го искористат доброто време за фестивалот сепак да се одржи.
