Фестивали

Фолк вечерта на “Охрид фест” годинава со староградско-медитерански звук

“Нестрпеливо го очекувам „Охрид фест“, 10-ти септември, кога на македонската јавност ќе им ги презентираме најновите 18 песни, зборови и ноти, нанижани од најпознатите автори и препознатливиот звук на охридската песна, звук кој им пркоси на сите нови продукциски технологии”, ова го вели Цане Петров, уметничкиот директор на фолк вечерта на овогодинешното издание на музичкиот фестивал “Охрид фест”. И меѓудругото тој додава:

“Ова го велам бидејќи многу добро знаеме како звучи тамбурата, мандолината, виолината, кларинетот и како треба да звучи збирот на тие звуци”, додава Петров.

Инаку, овогодинешниот „Охрид фест- Охридски трубадури“ ќе биде во знакот на мандолината и тамбурата. Најпознатите и најквалитни пеачки грла од Македонија, кои зад себе имаат цело богатство од хитови и обнародени песни, под палката на докажаните автори, аранжери и текстописци, ќе го разлеат староградско-медитеранскиот звук на сцената на Долни Сарај.

Како и секоја година, на фестивалот ќе доминираат мандолината, тамбурата, виолината и кларинетот и звукот на старата охридска песна. Кога сето тоа ќе се слушне на преубавата сцена на Долни Сарај, се добива магија, претставена од нашите најпознати музички имиња, бидејки ова е нивната и нашата борба и ова е нивното и нашето поле на кое се бориме, од кое и за кое живееме.

Годинава на сцената на “Охрид фест” на фолк вечерта, присутната публика, како и тв гледачите ќе имаат можност да ги погледнат и слушнат следниве познати музички имиња: Благица Павловска, Скопски Боеми, Ирена Спасовска, Ибуш Ибраимовски, Барбара Јаковлеска, Перо Христов, Катерина Брезева и Соната, Нино Величковски, Суада Каришиќ Шмидт, Благоја Груевски , Петар Нечовски, Јагода Крнетиќ-Јефтиќ, Милован Секулоски, Сани, Кирил Белистојаноски, Мирко Вретоски и секако младиот Стружанец Методија Столески.

Можеби ќе ве интересира: