Брендот „Сињори“ го шие костумот на Васил Гарванлиев за настапот на Евросонг во мај во Ротердам, Холандија. Не се откриваат бојата ниту дизајнот. „Сињори“ го облече Васил и за евровизискиот спот. Заедно со Раде Василев и со тимот од Шведска се осмислува костимографијата и сценскиот настап.
“На сценскиот настап работи проверено дуо од Шведска, режисерките Тине Матулеси и Мари Рибергер (кој го осмислија и настапот на Тамара на Евросонг во Ерусалим н.з.). Со бекап настапот кој го снимавме во Белград ги увидовме уште подобро сите замислени елементи како функционираат на сцена и беше одлична генерална проба за нас. Сега знаеме на што треба дополнително да се фокусираме за Ротердам”, изјавил Васил во разговорот за „Независен“ .
Гарванлиев на јавните настапи и фотосесии е елегантен, во костуми кои ја следат линијата на телото но имаат и трендовски печат. Претежно се во темни бои. Приватно, можете да го сретнете и во покежуал варијанта.
Преземено од Независен
