Фестивали

Годинава “Ohrid Calling” на нова локација (Видео)

Како што велат организаторите, Авалон продукција, оваа година фестивалот “Ohrid Calling” се преселува на нова локација. Туе дури дадоа и официјално образложение и известување до своите фанови зошто тоа е така.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме нивното известување:

“Поради тоа што досегашната локација, стадионот “Билјанини извори” стана препознатлив по организирање на претежно турбофолк концерти со сомнителен квалитет, а сакајќи нашиот “Ohrid Calling” да биде посебна држава, се одчучивме за годинешното фестивалско издание да ја смениме локацијата. Па така, најголемиот музички настан ова лето во Македонија, “Ohrid Calling” (четири фестивалски вечери со учество на 24 интернационални диџеи, меѓу кои и суперстар-диџеите Стив Ајоки, Фед ле Гранд, Нерво, Робин Шулц, Кунгс, Санери Џејмс и Рајан Марчијано, Вини Вики) ќе се одржи во поранешната охридска касарна”, велат од Авалон продукција. Оваа година “Ohrid Calling” ќе се одржi од 1-ви до 4-ти август.

https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/videos/379840235969246/

Можеби ќе ве интересира: