Фестивали

Хрватска, Украина и Италија фаворити за победа на Евровизија

Избраните песни да ги претставуваат Хрватска, Украина и Италија на Евровизија, се фаворити за победа на музичкиот натпревар, според податоци од обложувалници на интернет.

„Рим тим таги дим“, „Тереза и Марија“ и „Ла ноја“ ги заземаат првите три позиции, откако може да се слушнат сите 37 песни што ќе се натпреваруваат во мај во Шведска. Во најдобрите десет моментално, според обложувалници, се и песните на Швајцарија, Холандија, Белгија, Грција, Израел, Шведска и Франција.

Шеесет и осмото издание на Евровизија ќе се одржи во Малме на 7-ми ,9-ти и 11-ти мај. Како водителки на натпреварот, најавени се холивудската ѕвезда Малин Акерман и Петра Меде, која им е добро позната на евровизиските фанови од претходни години.

Можеби ќе ве интересира: