Вчера вечер беше промовирана нова верзија на српската евровизиска песна „Loco, Loco“. Триото „Hurricane“ ја претстави својата акустична верзија во телевизиска програма во прајм-тајм.
https://www.youtube.com/watch?v=eavdW6P1dek&ab_channel=EurovisionSongContest
„Loco, Loco“ беше рекордер по прегледи на Јутјуб каналот на Евровизија за месец март. Последно имаше 7,6 милиони прегледи, а водечката позиција ја зазеде руската песна која има 8,2 милиони прегледи. Како што е веќе познато, текстот на песната е на Сања Вучиќ, композитор е Немања Антониќ а аранжманот е на нашиот Дарко Димитров.
Подготви: Редакција Музика24
