По неколкуте земји кои пред неполна недела изјавија дека се откажуваат од настанот наречен “Евровизија” (Босна и Херцеговина, Грција, Полска, Португалија и Словачка) и државната Турска радио и телевизија соопшти дека нема намера да учествува на музичкиот натпревар оваа година, кој пак следната година ќе се одржи во шведскиот град Малме. Во нивното соопштение се вели дека некои земји од ЕБУ (Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија и Италија) имаат далеку попривилегирана положба во однос на другите земји учесничи. Тоа тие наведуваат, дека тоа посебно дошло до израз по промените во минатогодишниот правилник за учество и гласање, според кој влијанието на телефонското гласање е намалено за 50 проценти, а влијанието на жирито е повеќе од зголемено. И поради тоа, постојаните членки кој освен по автоматизам директно влегуваат во финале, тие имаат и привилегирана положба на самата финална вечер.
Освен ова, на одлуката за откажување од најголемиот музички настан, Турција ја донела поради и поради финансиски причини, причина поради која што се откажаа и останатите земји. Не е ни чудо, ако во наредниот период се случи поради оваа или онаа причина да има откажување и на останати држави учесници, во кои се вбројува и Македонија.
Подготви: Александра Блажевска
